Поврзете се со нас

НБА

Тренерот на Лејкерс објасни зошто Јокиќ е еден од најуникатните играчи кои некогаш се појавиле во НБА

Објавено

на

Никола Јокиќ буквално ги разби ѕвездите на Лос Анџелес Клиперс во последните два меча од серијата, со кои Денвер го изрежира неверојатниот пресврт за пласман во големото конференциско финале.

Популарниот „Џокер“ ги воодушеви американските експерти и НБА фановите со својата брилијантна игра против Кавај Ленард, Пол Џорџ и останатите, но уште поимпресивно делува тоа што Денвер одново демонстрираше страшен карактер, враќајќи се од негатива од 3:1.

Нагетси изведоа идентичен подвиг и во серијата со Јута Џез, па по херојските настапи во седум натпревари, сега одат на мегдан на Лос Анџелес Лејкерс за пласман во големото НБА финале.

Првата средба е на програмата на 19-ти септемри, а пред истиот, тренерот на Лејкерси се обиде да објасни зошто Јокиќ е еден од најуникатните играчи во историјата на НБА лигата.

– Џокер е еден од најуникатните играчи во светот. Еден од најуникатните центри кои сум ги видел во НБА историјата. Тој може да ви наштети на сите можни начини. Од линијата за три поени, во рекетот, на пост, а секако и со асистенции. Нема такви центри во НБА лигата, – порачува Френк Вогел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни