Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Леганес доби шанса да бира од Мбапе, Винисиус и Белингам, неговиот одговор стана вирален (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид ги продолжува своите обврски во Копа дел Реј, натпреварување во кое денеска стартуваат четвртфиналните возбудувања, а истите ќе продолжат и наредните два дена.

„Кралевите“ својот натпревар го играат утре на „Бутарке“ против Леганес, па од најавата за овој натпревар во Купот, тренерот на домашниот тим стана вирален хит со еден одговор.

Борха Хименез доби за задача да избере фаворит од трите големи ѕвезди кои настапуваат за Реал, или поточно од Мбапе, Винисиус и Белингам.

Во ситуацијата кога сите во прес-салата очекувале одговор на поставеното прашање, Борха издвоил едно име кое не било набројано, па со својот одговор јасно стави до знаење кого посебно цени од првиот тим на Карло Анчелоти.

– Модриќ, се важи и тој одговор нели……..

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни