Поврзете се со нас

Свет

Тренерот на Лазаров ќе го напушти Нант по крајот на сезоната

Објавено

на

Францускиот ракометен клуб Нант следната сезона ќе има нов тренер, бидејќи актуелниот Алберто Ентрериос, веќе договорил ангажман во друга екипа.

Шпанецот има договор со Лимож и ќе се пресели во оваа француска екипа по крајот на сезоната, иако засега одбил да ја потврди или демантира информацијата за медиумите во својата земја.

Ентрериос го води тимот во кој нашиот Кире Лазаров игра последните неколку сезони од 2019 година, а го наследи Тјери Анти, чиј помошник беше три сезони.

Во редовите на амбициозниот Лимож, Ентрериос ќе го замени Тарик Ајатун, чиј договор истекува во јуни. Претседателот на Нант веќе најави дека шпанскиот стручњак има понуда за продолжување на договорот, но очигледно актуелниот тренер на Лазаров има поинакви планови.

Нант вечерва ги продолжува настапите во домашното првенство и од 20:30 часот ќе игра против Нанси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни