Англија
Тренерот на Лајпциг: Халанд? Ако не го сакате…
Манчестер Сити вечерва го пречекува РБ Лајпциг во реванш натпреварот од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.
На домаќините им е потребна било каква победа за пласман во наредната фаза, односно се освен нивен пласман во четвртфиналето ќе биде големо изненадување и сензација.
„Граѓаните“ имаат многу квалитетни играчи на располагање, а еден од нив е Ерлинг Халанд кој се истури од голови во својата прва сезона во премиерлигашот, но и покрај тоа има критики на негова адреса за негова инволвираност во играта, учеството.
Овие критики се смешни за тренерот на „биковите“, Марко Розе кој пред вечерашниот меч порача:
-Ако не го сакате испратете ми го мене. Дури и само за последните десет натпревари. Потоа можете да го добиете назад. Изненаден сум што доби критики. Тој постигна 28 гола на 26 натпревари во лигата. Ако ги одземеш тие голови, не знам каде би бил Сити на табелата. Не знам за што зборуваме. Секој знае за квалитетите на Халанд. Успеавме добро да се одбраниме против него во првиот натпревар, но никогаш нема да можете целосно да го спречите. Не е само Ерлинг- ќе има многу играчи од светска класа за кои ќе мора да се грижиме, -порача Розе.
-
Балканпред 11 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 7 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Светпред 23 часа
Талентираната Младеновска договори трансфер во Брест Бретањ
-
Францијапред 10 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 18 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 9 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
НБАпред 9 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 8 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон