Поврзете се со нас

Италија

Тренерот на Лацио: Сари замина за да изнуди реакција од екипата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио вчера успеа да победи на гостувањето кај Фрозиноне, со што ја прекина серијата од три порази по ред во Серија А, а ова беше и прв триумф под водство на Џовани Мартушело, кој му беше помошник на Маурицио Сари и привремено ја презема функцијата по оставката на довчерашниот предводник на римскиот клуб.

Во изјавата по вчерашниот дуел, Мартушело зборувал за ситуацијата со Сари и резултатите на Лацио, потврдувајќи дека неговиот долгогодишен соработник не гледал друго решение освен да замине од тренерската позиција.

– Момците не губеа натпревари намерно, имаа потешкотии во еден комплициран клуб, денеска ја видовме нивната емотивна реакција по се што се случуваше.

– Сари ја донесе одлуката за да изнуди реакција од фудбалерите, сфати дека неговите зборови немаат ефект над нив, а тој се реши за радикално решение. Не му беше лесно да донесе таква одлука, но мораше да стори нешто за Лацио да го промени курсот, – рекол Мартушело.

Се очекува деновиве за нов тренер на Лацио да биде назначен Игор Тудор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни