Поврзете се со нас

Италија

Тренерот на Лацио го подбра Ромањоли: Не смееме да правиме наивни грешки

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио вчера доживеа пораз од Удинезе и заработи критики од своите фанови, а тренерот Марко Барони очекувано не можел да биде задоволен од залагањето и реакцијата на своите фудбалери по раното водство на противникот.

Искусниот стручњак имал посебни забелешки и за Алесио Ромањоли, кој го испровоцира својот тренер со однесувањето во акцијата во која Удинезе поведе со голот на Лука.

Домашниот фудбалер доби одлична асистенција од Тован и ја заби со глава топката во мрежата на Лацио, што беше најава и за генерално добриот натпревар и позитивниот епилог за „црно-белите“ од Удине.

Она што го налути Бароне е фактот што искусниот Ромањоли наместо да се обиде да спречи погодок, стоеше во место и бараше офсајд, кој го доби од помошникот, но како погрешна одлука. Главниот судија со право не ја прекина играта, а ВАР проверката покажа дека немало офсајд во текот на акцијата и тоа по вина на Ромањоли кој се извлече со задоцнување.

– Не смееме да стоиме во одбрана. Ромањоли беше во добра позиција, но мора да играме додека не се слушне свирчето. Нема простор за вака наивни грешки посебно со екипите кои играат подефанзивно, – рекол Барони.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни