Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тренерот на Копенхаген со сигурен тип: Ќе ја освојат титулата во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCKobenhavn

Манчестер Сити доби нависитна посакуван ривал во осминафиналната фаза и без проблеми се пласираше меѓу осумте најдобри, откако во два натпревари славеше над Копенхаген со идентични 3:1.

Данскиот првак презентираше одлична игра во групната фаза и беше најпријатно изненадување во Лигата на шампионите, бидејќи заврши во втор во група со Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Галатасарај.

Играчите на Копенхаген имаа сериозни предизвици уште во првата фаза, но тренерот Јакуб Неструп вели дека квалитетот кој го поседува Сити е нешто посебно.

Запрашан за играта која ја презентираше Сити на двата дуели, Неструп даде навистина краток одговор, односно типуваше дека „граѓаните“ ќе ја одбранат титулата во Европа.

– Тие ќе ја освојат титулата во Лигата на шампиони. Игравме против три многу добри тима во групната фаза, но ова беше ниво погоре во секој поглед. Секоја чест за тоа, – изјави Неструп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни