Поврзете се со нас

НБА

Тренерот на Клиперс за комуникацијата на Богдановиќ и Зубац на „свој јазик“: Тоа не ми се допаѓа

Објавено

на

Фото: https://x.com/LAClippers

Пристигнувањето на Богдан Богдановиќ во редовите на Лос Анџелес Клиперс формираше ново балканско дуо со Ивица Зубац, а се чини дека Србинот и Хрватот одлично се снаоѓаат како нови соиграчи и соработуваат максимално добро на теренот.

Богдановиќ веќе потенцираше дека хрватскиот центар му помогнал да се адаптира полесно во новиот тим, а нивната комуникација на „свој јазик“ очигледно не му одговара на тренерот Тајсон Лу.

На прес-конференцијата по триумфот над Бруклин, Лу бил прашан за ваквата комуникација на Богдановиќ и Зубац, а тој имал краток коментар:

Да, знам за тоа и не ми се допаѓа, рекол Лу, сепак со насмевка на лицето.

На последниот дуел со Бруклин, Зубац имаше дабл-дабл учинок со 21 поен, додека Богдановиќ реализирал 8 поени, со 9 асистенции и 6 скокови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни