Поврзете се со нас

Свет

Тренерот на Гремио ја потврди разделбата со Суарез

Објавено

на

foto: twitter.com/Gremio

Луис Суарез порано од предвиденото ќе го напушти Гремио, а според очекувањата би требало да им се приклучи на неколку поранешни соиграчи од Барселона во редовите на Интер Мајами.

Уругваецот е голем пријател со Лионел Меси и тој сигурно имал влијание врз ваквото сценарио, а во меѓувреме неговата разделба со Гремио ја потврди и тренерот Ренато Гаучо.

– Ова е тажен момент за сите, Суарез ни помогна многу изминатиов период.

– Фановите многу го сакаа, а тој е голем професионалец, кој не сакаше да пропушти тренинг дури и кога јас сакав да го ослободам од обврските.

– Сигурно многу ќе ни недостасува, ќе биде тешко да најдеме соодветна замена, а јас имав чест да работам со еден од најдобрите светски фудбалери, – рекол Гаучо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни