Тренерот на голманите на Ливерпул со загрижувачка изјава за Алисон: Неговиот прогрес е забавен…

alison

Тренерот на голманите на Ливерпул, Џон Ачтеберг истакна дека враќањето на Алисон на терените може да биде одложено затоа што засега неговиот прогрес кон враќање во форма е значително забавен.

Бразилецот нема настап за Ливерпул уште од првото коло во Премиер лигата кога се повреди на натпреварот против Норвич.

Поранешниот голман на Вест Хем, Адриан сега го менува Алисон, а иако се очекуваше Бразиелцот да се врати на терените по репрезентативната пауза сепак веројатно нема да се случи тоа, па датумот на неговото враќање се уште не е познат.

– Али работи со Дејв Ридингс во теретаната за да ја зголеми својата сила и да го подигне нивото на фитнес. Последните неколку денови беше и на теренот каде вежбаше некои фаќања на топките, а имаше и работа со нозете. Сепак, засега неговиот прогрес е забавен и тешко е да се каже кога ќе се врати, -заклучи Ачтеберг.

Facebook Коментари