Поврзете се со нас

Боречки спортови

Тренерот на Георгиевски: Ова е најголемиот успех во независна Македонија, ти си идолот на новите генерации

Објавено

на

Македонија денеска слави нов спортски успех, прв медал по долга пауза на Олимписките Игри, успех за кој заслужен е Дејан Георгиевски.

Нашиот репрезентативец во таекводно имаше фантастичен настап во Токио, победи на три од четирите борби со што и го донесе на Македонија првото одличје по она на борачот Могамед Ибрагимов во Сиднеј во 2000 година.

Голема беше радоста кај цела македонска јавност, а секако и кај луѓето кои се најблиску до Георгиевски, тренерскиот тим.

-Го имаме најголемиот историски успех од како нашата Македонија е независна, браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска МАКЕДОНСКА ИКОНА, ти си идолот на новите генерации !!!

А тебе докторе, тебе брат Borce Kostovski 😊 за тебе имам неколку збора, ти си посебен, ти си генијалец и твојата работа низ годините наназад НЕ МОЖЕ со збор да се опише, тоа е за филм ! Фала му на господ што те имам до мене, и што те има Деки до него, денешните стратегии беа како тие на Александар Македонски ❗️
-ТЕСНО ФИНАЛЕ, НЕ ДОСУДЕН ЧИСТ УДАР ВО ГЛАВА, ЧИСТ НО ТОА Е СПОРТОТ, ЗНАЕ ДА Е СУРОВ.
УХХХ СРЕБРО НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ФУЛКОНТАКТЕН БОРЕЧКИ СПОРТ, ВО ОЛИМПИСКО ТАЕКВОНДО, СОН СО КОЈ ЈАС И БРАТ МИ ЖИВЕЕВМЕ ОД КАКО ПОСТОИ ТАЕКВОНДО КЛУБ БУТЕЛ ❗️
МАКЕДОНИЈО РАДУВАЈСЕ, СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПЛОШТАД, СЕ ГЛЕДАМЕ ГОРДИ И ДОСТОИНСТВЕНИ НА ПЛОШТАД !!!
ЗА МАКЕДОНИЈА, -истакна тренерот Дарко Костовски

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни