Тренерот на Фиорентина го „поздрави“ Конте: Ако бев на негово место ќе отидев во аголот и ќе плачев!

jakini-pokazuva

Пред натпреварот против Џенова во Серија А, Бепе Јакини стана вирален хит со изјавата која ја даде на прес-конференцијата, а на која откри каков мобилен телефон користи, а дека искусниот стручњак знае да биде задолежен за шоу за време на средбите со новинарите ни потврди и денеска.

Во својата најава за утрешното четвртфинале во Копа Италија меѓу Интер и Фиорентина, Јакини го искоментира ироничниот став на Антонио Конте за засилувањата на Интер, откако неговиот помлад колега истакна дека неговиот тим не се засилува, туку носи само замени за играчите кои си отишле.

Конте наиде на многу критики поради ваквата изјава и истата мнгоумина ја протолкуваа како пронаоѓање на алиби за евентуален неуспех, а на истите се надоврза и Јакини кој доста провокативно го „пецна“ својот колега со кој утре ќе се соочи.

– Ако бев Антонио Конте, ќе отидев во аголот и ќе плачев, – со насмевка порача Јакини и додаде.

– Не е моја работа да се мешам во другиот двор. Ако Конте се жали, тогаш си има свои причини. Секој тренер би сакал да има 25 стартери во својот тим, – додаде тренерот на Фиорентина.

Facebook Коментари