Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тренерот на Феенорд: Му помогнавме на Слот, сега треба…

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Феенорд направи „чудо“ и од изгубена позиција, натпревар успеа да освои бод против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Клубот од Ротердам губеше со 3-0 на „Итихад“ по 75 минути игра, но покажа карактер, не се откажа и на крајот дојде до реми (3-3) со кое го шокираше домаќинот на кого ова му беше повеќе од потребна победа по петте порази во низа.

Овој резултат дефинитивно е удар за „граѓаните“ пред кои сега е дербито со Ливерпул на „Енфилд Роуд“. Добро е познато дека Феенорд е поранешен тим на Арне Слот, па Холанѓанецот доби поддршка од актулениот тренер на холандскиот тим да го „дотепа“ Сити овој викенд во ПЛ.

-Да, сигурен сум дека е горд како поранешен менаџер на Феенорд, знам дека не следи. Дефинитивно направивме се што можевме за да му помогнеме и него.

-Тој имаше големо влијание врз нашиот клуб во последните три години и дефинитивно ми даде добар почеток со добар тим и место во Лигата на шампионите. Среќен сум што можеби можеме да му помогнеме, но тој треба да ја заврши валканата работа викендов, -порача Бриан Приске Педерсен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни