Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тренерот на Динамо откри детали за повредата на Адеми

Објавено

на

Победата на Динамо над Омонија го приближи хрватскиот првак до следната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите, но загрижувачки моментот за тренерот Дамир Крзнар е повредата на Аријан Адеми.

Македонскиот репрезентативец принудно го напушти теренот уште во првото полувреме, а првичните информации се дека повредата не е наивна.

– Тоа што се случи со Адеми ни ги поремети плановите за продолжението од средбата.

– За разлика од Иванушец кој изгледа добро, Адеми се жали на силна болка во квадрицепсот. Се надевам дека ќе биде добар, – изјавил Крзнар по натпреварот.

Стефан Ристовски одигра цел натпревар за Динамо, а тимот на нашите репрезентативци славеше со 2:0, со головите на Мајер и Јакиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни