Поврзете се со нас

Балкан

Тренерот на Динамо ја префрли топката кај Модриќ: Тој одлучува…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Динамо како клуб започна јавна кампања за враќае на Лука Модриќ на „Максимир“, особено откако станува се појасно дека хрватскиот ветеран нема да добие нов договор од Реал Мадрид.

„Кралевите“ не го планираат Модриќ за следната сезона, а безвременскиот играч за врска сака да одигра барем уште една сезона, па така откако клубот кокетираше со него преку првата страница на угледната „Марка“, сега и фановите се приклучија во оваа кампања.

Навивачите на Динамо денеска се појавија со дресови на Модриќ на натпреварот против Истра,  а по триумфот од 4:1 интересна порака испратил и тренерот Јакировиќ.

Предводникот на Динамо не крие дека сите во клубот посакуваат враќање од соништата за Модриќ во синиот дрес, но воедно ја префрли топката кај ветеранот кој се уште се нема откажано и од хрватската репрезентација.

– Секако дека би имало смисла враќање на Модриќ во Динамо. Тој одлучува, се зависи од него, – изјавил Јакировиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни