Тренерот на Динамо доби инфаркт за време на натпревар, фудбалерите шокирани (Видео)

trener-Dinamo

Натпреварот меѓу Динамо Букурешт и Универзитатеа Крајова од романското првенство беше прекинат подолго време откако тренерот на домашниот тим доживеа инфаркт на клупата за резервни фудбалери.

Еуген Неагое им се пожали на своите аситенти, кои веднаш реагираа барајќи реакција на Брзата помош, по што тренерот на Динамо итно беше пренесен во најблиската болница.

Натпреварот беше прекинат одредено време, по што продолжи иако фудбалерите беа во шок од она што се случи. Гостите на крајот славеа со 2:0, а според последните информации Неагое не е во животна опасност.

Facebook Коментари