Поврзете се со нас

НБА

Тренерот на Денвер распали по НБА лигата пред второто полуфинале: Ова е природен криминал

Објавено

на

Денвер беше комплетно надигран од Лос Анџелес Клиперс во првиот меч од конференциското полуфинале, а во пресрет на вториот натпревар кој се игра рано наутро, тренерот на Нагетси одлучи да го искаже сиот бес кој го чувал во себе веќе извесно време.

Сите добро сме запознаени дека НБА лигата организираше таканаречен „меур“ во кој играчите и тренерите се изолирани од надворешниот свет поради коронавирусот, но бидејќи дел од првичните мерки полека попуштаат и ѕвездите повремено добиваат шанса да се видат со најблиските од семејството, тоа го натере тренерот на Денвер да го крене гласот.

Во овој момент, само тренерите се оние кои се уште не добиваат дозвола да бидат посетени од најблиското семејство во луксузниот карантин, па Мајк Малоун побара од раководните луѓе на НБА да реагираат и да ја исправат оваа неправда која делува навистина неетички.

– Ова е веќе 60-ти ден како сме тука. Поводот поради кој го кажувам сето ова е фактот што играчите смеат да ги носат семејствата тука, судиите можат да повикаат по еден близок, но ние тренерите не. Играчите и судиите секако дека го заслужуваат тоа, но на нас тренерите не ни е дозволено да доведеме никој.

– НБА лигата треба да се засрами, ова е вистински срам и дискриминација. Ситуација станува луда, навистина ми недостасува моето семејство, не можам да ги видам. Јас говорам во мое име, но сигурен сум дека ова го мислат уште голем број тренери. 60 дена немаме дозвола да се видиме со семејството, ова прераснува во природен криминал и не смее да биде така, – се пожали Малоун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни