Поврзете се со нас

Германија

Тренерот на Борусија бесен: Постои само една причина зошто Баерн е шампион десет години по ред!

Објавено

на

Foto:twitter.com/BlackYellow

Баерн Минхен е некарактеристично нестабилен оваа сезона и понуди многу шанси за конкуренцијата во Бундеслигата, но сепак и покрај сите киксови, баварскиот великан и натаму е прв и преживеа и после последниот лош резултат на домашен терен.

Германскиот првак не успеа да го победи Хофенхајм и ремизираше со резултат 1:1, но кога се чинеше дека Борусија ќе го искористи тоа и повторно ќе се израмни со Баерн, „милионерите“ се прикажаа во најлошо светло на речиси „добиен меч“.

Тимот на Един Терзиќ водеше со 0:2 кога Штутгарт доби црвен картон, но потоа во едни шокантни и драматични услови, гостите успеаја да примат три гола и на крајот останаа без победа.

Штутгарт израмни на 3:3 во 97-та минута, а ваквите случувања потполно го разбесните тренерот Терзиќ кој го искажа своето незадоволство и со зборовите кои ги употреби.

– Пропуштивме голема шанса како тим и ова е брутално разочарувачки. Тешко ми е да ги пронајдам вистинските зборови за да објаснам што се случи. Мислевме дека поразот од Вердер беше најлошо нешто оваа сезона, но ова е на исто скалило. Можевме да примиме и четири гола од тим кој имаше играч помалку.

– Постои една причина поради која само еден тим е шампион на Германија десет години по ред. Сите гледаме зошто Баерн освојува, а другите не. На мечот со Штутгарт покажавме како можеме да посереме се што работевме напорно во последните неколку месеци, упропастивме се што правевме досега, – изјавил разочараниот Терзиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни