Поврзете се со нас

Свет

Тренерот на Бешикташ шокиран од прославата на Балотели: Никогаш не сум видел вакво нешто

Објавено

на

Марио Балотели постигна спектакуларен гол во кам-бекот на Адана Демирспор против Бешикташ, натпревар кој ќе остане запаметен по откачената прослава на прославениот италијански напаѓач.

Натреварот заврши 3:3 откако фаворизираниот Бешиташ испушти предност од 3:0 во последните 30 минути од средбата, но цела Турција зборува за прославата на Балотели пред очите на противничкиот тренер.

Серген Јалџин во минатото како спортски коментатор порача дека Балотели „нема мозок“, па очигледно „Супер Марио“ ова не го заборавил и со провокативна прослава го „поздрави“ противничкиот тренер по бомбастичниот удар кој го испрати во мрежата на Бешикташ.

Балотели постигна страшен гол и уникатно прослави пред тренерот кој му порача дека „нема мозок“ (Видео)

На крајот, Балотели асистираше за реми од 3:3 во судиското надополнување, а Јалџин остана шокиран од постапката на противникот при голот за 3:2.

– Балотели славеше директно пред мене, првпат гледам вакво нешто во фудбалот. Не знам зошто го направи тоа, најверојатно поради тоа што не дојде кај нас во Бешикташ минатата сезона. Овојпат го покажа своето ниво, вистински срам и лош потег од негова страна, – изјавил Јалџин, а Винченцо Монтела како тренер на Демирспор се надоврзал.

– Искрено не ми се допаѓаше потегот на Балотели и после тоа му порачав да се фокусира на мечот. Неговиот потег не беше коректен, но ниту изјавите од порано не се коректни. Не требаше да дојде до ваква ситуација, – изјавил Монтела по ремито од 3:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни