Поврзете се со нас

Свет

Тренерот на Бешикташ прими вакцина против коронавирусот и стана вирален хит со реакцијата (Видео)

Објавено

на

Бешикташ е на првото место во турската Суперлига и цврсто чекори кон титулата во домашното првенство, а голема заслуга за тоа има Серген Јалџин, легендарниот играч на „црно-белите“ кој сега стана и тренер на својот омилен клуб.

Јалџин како професионален играч своето деби за турската фудбалска репрезентација го имаше на пријателски натпревар против Македонија и поради тоа секогаш ќе има убави сеќавања за нашата земја, но сега како тренер на тимот кој е прв на табелата во Турција, стана вирален хит со својата објава на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што имунизацијата од Ковид 19 почна да се спроведува и во спортската фела, Јалџин реши да им даде пример на своите колеги, па ја прими првата доза од вакцината против короанвирусот.

Видеото стана вирален хит поради фактот што Серген се прикажа на јавноста во едно преплашено издание, нешто што не е карактеристика за него во ситуација кога редовно дава строги инструкции од клупата за резерви оваа сезона.

– Што е ова…, – вика Јалџин кон докторката во видеото кое брзо стана вирално во Турција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни