Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тренерот на Бенфика незадоволен од судењето: Интер доби смешен пенал

Објавено

на

Бенфика испушти голема предност, па можеше и да загуби од Интер, во натпревар од Лигата на шампионите кој заврши со возбудливо реми.

Португалскиот состав на полувреме водеше со 3:0, но дозволи ист ефект на противникот на вториот дел, а го заврши дуелот и со играч помалку.

Тренерот Роџер Шмит смета дека Бенфика се нашла во ваква ситуација поради лошите одлуки на судијата Андрис Треиманис и ВАР собата.

– Судењето беше катастрофално.

– Не ми е јасно зошто судиите се однесуваат на ваков начин. Шест луѓе се задолжение за една работа и на крајот противникот доби смешен пенал, а ни беше доделен и непостоечки црвен картон. Јас сум секогаш искрен и овојпат судењето беше ужасно, – рекол Шмит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни