Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тренерот на Бенфика лут на Оливер: Не ни беше досуден пенал

Објавено

на

Бенфика ќе има многу тешка работа на реваншот против Интер и за пласман во полуфиналето ќе треба најпрвин да ја неутрализира предноста која италијанскиот тим ја заработи во Лисабон.

Португалскиот состав прими два гола во второто полувреме, а тренерот Роџер Шмит смета дека неговиот тим бил два пати оштетен од судијата Мајкл Оливер.

– Ова беше израмнет натпревар, на кој ние не ги искористивме своите шанси, додека противникот беше максимално ефикасен.

– Тие го постигнаа вториот гол од според мене непостоечки пенал, додека судијата не досуди еден пенал за нас по стартот над Рамос.

– Можевме да постигнеме гол во завршницата, но не успеавме, треба да го прифатиме резултатот и да одиме на победа во Милано, – истакнал Шмит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни