Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Барди збесна по срамна провокација и тргна да се пресметува со играч на Мајорка (Видео)

Објавено

на

Енис Барди пропушти уште еден натпревар од Примера поради повредата на мускулот која го прави неизвесен и за следните два меча на Македонија, а во негово отсусто, Леванте претрпе уште еден незгоден пораз во домашното првенство.

Тимот од Валенсија го претрпе третиот пораз во низа на гостувањето на Палма де Мајорка, откако во еден крајно изедначен дуел, домаќините направија клучна разлика со голот на Баба на 15 минути пред крајот.

Моралес промаши пенал за израмнување на 1:1 во 86-та минута, по што настана и тензија на крајот од средбата, или поточно по последниот свиреж на судијата Руиз.

Пако Лопез збесна по поразот на неговиот Леванте откако Пабло Мафео славеше пред негови очи, па тренерот на Барди мораше да биде сопрен од соработниците за да не влезе во физичка пресметка со дефанзивецот на Мајорка.

– Замолкни, ти преостануваат уште два дена…., – му порачал Мафео на Пако Лопез според телевизијата „Мовистар“, момент по кој тренерот на Леванте тргна да се пресметува со играчот на домашниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни