Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Алавес имаше тензичен поздрав со Анчелоти, па даде објаснување за ситуацијата (Видео)

Објавено

на

Алавес со два гола во завршницата за момент ја расипа славеничката атмосфера на „Сантијаго Бернабеу“, но сепак Реал Мадрид успеа да издржи и предноста од 3:0 се покажа како доволна за победа и нови три бода.

Големиот пад во концентрацијата направи тимот на Карло Анчелоти за малку да направи од „готово-вересија“, а завршницата од мечот донесе и спорен момент во кој во прв план беше Ендрик.

Пред Алавес да постигне два гола и да намали на 3:2, Ендрик намерно удри противнички фудбалер и вистина е дека можеби и заслужи црвен картон, став кој дефинитивно го дели тренерот на гостите, Луис Гарсија Плаза.

Гарсија влезе во расправија со Анчелоти по последниот судиски свиреж и имаше што да му каже на Италијанецот, па потоа и ја објаснувал ситуацијата на прес-конференцијата.

– Му пријдов на Анчелоти и разменивме мислења за тоа што се случи. Немаше караница, ниту физички дуел. Му кажав дека стартот на Ендрик е за црвен картон, требаше да играме против 10 играчи во последните 10 минути. Ендрик имаше намера да удри и тоа е чист црвен картон. Ако тоа не е црвен картон, тогаш не знам што е, – изјавил Луис Гарсија.

Невкусниот потег на Ендрик погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни