Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Ајакс посочи кога Меси ги имал своите најдобри партии во дресот на Барселона

Објавено

на

Легендарниот Лионел Меси обележа повеќе од една декада во модерниот фудбал и сигурно ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на овој спорт.

Меси иако е во веќе одминати години се уште е лидер на тимот на Барселона, а неговиот поранешен соиграч Чави откри дека Аргентинецот ќе игра уште најмалку пет години.

Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, пак имаше само пофални зборови за Меси, но посочи дека тој својот најдобар фудбал го играл кога на клупата на Барселона седел Пеп Гвардиола.

Гвардиола беше тренер на каталонскиот клуб од 2008 до 2012 година и во тој период освои вкупно шест трофеи, а Меси во тој период освои четири Златни топки по ред.

– Меси беше лидер, но работеше и за тимот. Веќе никогаш не беше толку добар како кога играше под водство на Гвардиола. Тој експериментираше, секогаш откриваше нешто ново, а тоа на Меси му одговараше, -изјави Тен Хаг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни