Поврзете се со нас

Италија

Тренерот кој шокираше со уличарскиот потег во Серија А експресно заработи отказ од својот клуб (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialUSLecce

Натпреварот меѓу Лече и Верона со кој вчера беше отворена неделната програма во Серија А заврши на најлош можен начин, бидејќи низата провокации завршија со скандал кој сега резултираше и со врачен отказ.

Роберто Д’Аверса како тренер на Лече ги загуби нервите и му удри глава на противничкиот напаѓач Томас Анри, а неполни 24 часа подоцна, пристигна соопштение за негов отказ.

Д’Аверса не се покаја за својата постапка при средбата со новинарите и посочи дека бил испровоциран од напаѓачот на Верона, па откако Лече како клуб уште вчера се огради од реакцијата на својот тренер, ова утро реши да му врачи отказ.

Скандал во Серија А: Тренерот на Лече му удри глава на напаѓачот на Верона по последниот судиски свиреж (Видео)

Лече ја загуби битката со Верона на домашен терен и беше поразен со 0:1, а во најскоро време ќе донесе одлука за тоа кој ќе го води тимот до крајот на сезоната.

– По настаните што се случија на крајот од мечот Лече – Верона, клубот соопштува дека го ослободи од должностите тренерот Д’Аверса. Благодарност до тренерот и неговиот персонал за сработеното досега, – гласи кратката објава на Лече.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни