Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот кој прв му даде шанса на Чоло без поштеда: Тимот на Симеоне тепа и плаче!

Објавено

на

Во моменти кога Диего Симеоне е изолиран поради позитивниот тест на коронавирус, тренинзите на Атлетико Мадрид ги води неговиот асистент Ортега, но додека аргентинскиот стручњак чека два негативна теста за да се врати на редовните обврски, во фокусот на јавноста се најде изјавата на неговиот прв тренер во професионалната кариера.

Популарниот Чоло дебитираше во Велез Сарсфилд пред 33 години под тренерската палка на Даниел Вилингтон, па токму поради големото значење кое го има во играчката кариера на Аргентинецот, неговата последна изјава одекна како „бомба“ во јавноста.

Искусниот фудбалски стручњак даде свој коментар за Атлетико Мадрид, односно призна дека воопшто не му се допаѓа стилот кој го негуваат играчите на Симеоне.

Не е тајна дека Чоло во изминатите години предизвика измешани реакции во фудбалскиот свет, бидејќи едни го поддржуваат во тоа што го прави, а други го критикуваат за предефанзивниот стил на игра и прекумерните стартови на неговите дефанзивци.

– Тимот на Симеоне тепа и плаче. Што мислите, зошто го доведе Годин во својот тим? Зошто тој го има стилот како останатите: Тепа и плаче. Ми се допаѓа како игра Атлетико, но не ми се допаѓа како плачат играчите, – признава Вилингтон за радио „Супер Депортиво“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни