Поврзете се со нас

Боречки спортови

Тренер со шлаканици мотивираше џудистка, таа одговори: Не се грижете, јас тоа го побарав (ВИДЕО)

Објавено

на

Олимписките Игри во Токио од ден на ден се се поинтересни, повозбудливи, расте возбудата, тензијата, борбата за медали.

Меѓутоа ваквите настани знаат да понудат и необични моменти, ситуации кои во денешно време со технологијата, медиумите, социјалните мрежи можат за брзо време да станат вирални и да бидат во фокусот на вниманието.

Таков беше случајот со тренерот Клаудио Пуса и џудистката Мартина Трајдос кои по се изгледа имаат специфичен однос, ритуал кој го практикуваат, па така пред мечот со Софи Озбаш репрезентативката на Германија беше растресена за да потоа и бидат залепени и неколку шлаканици.

Поради ова почна да се зборува за методот на тренерот, да се критикува, па Мартина мораше да се огласи за да ја расчисти ситуацијата.

-Би сакалa насловите да се за мене поради друга причина. Не се грижите. Ова е ритуал што го практикувам пред борбата. Мојот тренер го прави она што го замолив да го направи за да ме запали, -порача Трајдос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни