Требаше да биде дерби: Хигинс фуриозен против О’Саливен во Глазгов

John-Higgins

Џон Хигинс никогаш полесно и за пократко време не успеал да го победи големиот ривал Рони О’Саливен, а тоа се случи вечерва во Глазгов на меч кој заврши со убедливи 5:0.

Во четвртфиналето на снукер првенството на Шкотска се сретнаа трофејните маестра на џентлменската игра, а Хигинс делуваше поубедливо уште од самиот старт. Првиот фрејм му припадна на шкотскиот играч со 61:37, а потоа следуваше фантастична серија од три сенчри брејка (109, 117, 105) во фрејмови во кои О’Саливен доби само една шанса, но не ја искористи.

Петтиот фрејм започна со брејк на Рони, но Хигинс ја искористи својата шанса и со брејк од 72 поени го затвори мечот со убедливи и неочекувани 5:0.

Во полуфиналето, Хигинс ќе игра против Нил Робертсон, додека Џад Трамп ќе се сретне против подобриот од мечот меѓу Јупенг и Волден.

Facebook Коментари