Свет
Трапановски запиша асистенција, Данди Јунајтед испушти победа против Абердин (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец, Кристијан Трапановски забележа асистенција во денешното реми на Данди Јунајтед со Абердин во првата лига на Шкотска.
Трапановски доби шанса од првата минута од тренерот Гудвин, шанса која ја искористи затоа што во судиското продолжение на првиот дел испрати топка која во голот ја смести Далби за водство од 2-0 во тие моменти.
Sam Dalby the best in Scotland he only scores for me and you. Shedrool pic.twitter.com/GiXH7Pnl5I
— John Ramsay (@jakeramsay2473) March 2, 2025
Овој резултат беше активен до самата завршница, последните 15 минути кога домаќините со два гола на Нисбет се спасија од пораз (2-2). Вториот Македонец, Давид Бабунски не доби шанса за настап на овој натпреварот.
Кога се во прашање нашите интернационалци, Алекса Амановиќ исто запиша асистенција за Астана во ремито со Каират Алмати на отварањето на новата сезона во Казахстан.
-
Формула 113 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија22 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија22 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Шпанија10 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија12 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Балкан23 часа
Нов гол за Цујо во Турција: Аврамовски претрча 50 метри и ја матираше Анкарагучу (ВИДЕО)
-
Македонија9 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани