Поврзете се со нас

Свет

Трапановски се пресели во Шкотска, виновник за трансферот е човекот кој го доведе Миовски во Абердин

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dundeeunitedfc

Кристијан Трапановски го комплетираше својот трансфер во Данди Јунајтед и ќе ја зголеми македонската „колонија“ во шкотската Премиер лига.

Данди Јунајтед подолго време ги следеше настапите на поранешниот фудбалер на Шкупи и денеска го официјализираше неговото пристигнување, најавувајќи го како големо освежување во однос на креативноста и искуството кое го носи со себе на 24-годишна возраст.

Новиот тим на македонскиот интернационалец ја заврши претходната сезона на првото место во Чемпионшип (втор ранг на натпреварување), со што експресно обезбеди враќање во елитата и поголеми амбиции за сезоната 2024/25.

– Многу сум среќен, ова е голема шанса за мене. Денеска тренирав првпат во новиот тим и воодушевен сум од инфраструктурата, моите соиграчи и сите инволвирани во работата на првиот тим. Фудбалот се игра за навивачите, а јас мислам дека ќе уживам во поддршката на фановите на Данди Јунајтед за кои слушнав многу убави зборови, – изјавил Трапановски во првото обраќање како нов член на шкотскиот тим.

Интересно е што креатор на трансферот на Трапановски во Данди Јунајтед е менаџерот Џим Гудвин, кој пред две години го доведе Бојан Миовски во Абердин, екипа чиј предводник беше во моментот. Подоцна Гудвин заработи отказ, а Миовски не само што го оправда својот трансфер, туку со неговите голови тој сега е мета на најголемите шкотски клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни