Поврзете се со нас

Свет

Трапановски ја отвори премиерлигашката сезона со гол, Данди Јунајтед ремизираше во градското дерби (Видео)

Објавено

на

foto:x.com/dundeeunitedfc

Кристијан Трапановски и Давид Бабунски дебитираа во шкотската Премиер лига во градското дерби на Данди Јунајтед и Данди, кое заврши со реми (2:2).

Данди Јунајтед два пати водеше, но гостите успеваа да се вратат во натпреварот, а на крајот се закануваа и со целосен пресврт.

Бабунски уште на дебито во првенството ја доби капитенската лента, додека Трапановски отвори со гол во 13. минута, со што го постигна својот прв гол во Премиер лигата, но и воопшто првиот гол сезонава во шкотското елитно натпреварување.

Пет минути подоцна Данди израмни, а во 23. минута Јунајтед повторно водеше со голот на Томсон.

Трапановски имаше голема шанса на стартот на вториот дел, кога во една контра излезе сам пред противничкиот голман, но не успеа да го совлада, а судиите не ја прифатија неговата реакција дека имало старт за пенал од голманот на Данди.

Домаќините не можеа да го издржат силното темпо во финишот, па Данди стигна до пенал, кој МекКауен го претвори во 2:2 во 80. минута од средбата.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни