Поврзете се со нас

Свет

Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/trapanovski

Македонија денеска е завиена во црно по трагичниот настан што рано утрово се случи во Кочани, настан во кој многу луѓе ги загубија животите, а доста беа и повредени.

Овој настан одекна низ светот, допре до многу луѓе меѓу кои и нашинците кои имаат професионални обврски надвор од Македонија како што е репрезентативецот Кристијан Трапаносвки кој е дел од шкотскиот состав Данди Јунајтед.

Тој беше стартер на средбата со Данди и во 49 минута се запиша во листата на стрелци, а по постигнатиот гол се помоли за жртвите и повредените во Кочани.

Данди Јунајтед како домаќин го загуби мечот со 4-2. Вториот Македонец, Давид Бабунски не доби шанса за настап од тренерот Гудвин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни