Поврзете се со нас

Лига Европа

Трап откри дека имал погрешна подготовка за клучната пенал серија во финалето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/EuropaLeague

Кевин Трап се претвори во херој на Ајнтрахт Франкфурт и се погрижи овој германски тим да ја освои првата европска титула по пауза од 42 години, откако беше клучен во драматичното финале во Лигата на Европа.

Ајнтрахт и Ренџерс го одведоа мечот во пенал завршницата и ударите од 11 метри го одредија победникот во финалето кое се одигра во Севилја, а до таков чин дојде благодарение на Трап кој имаше страшна одбрана во 118-та минута.

Понесен од ова, голманот на германскиот тим го направи пресудниот момент и во пенал рулетот, бидејќи го прочита Арон Ремзи и му го одбрани неговиот удар.

Интересно, Трап имаше ливче со направена анализа за пеналџиите која му беше напишана на шишето за вода, но откри дека истата почнал да ја игнорнира по втората серија.

– Сите сме херои, не само јас. Нема еден херој во едно финале, сите ние што бевме тука сме херои. Без навивачите, немаше да успееме во ова. Ливчето на шишето? Не ми помогна со првите два пенали и потоа не го погледнав до крајот, се потпрев на моите чувства во последните три серии, – откри Трап.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни