Траоре се отвори за тешкото детство во Барселона: Можев да завршам во банда и да продавам дрога

traore

Адама Траоре е еден од играчите за кои во изминативе две сезони се зборува во Премиер лигата, а причината за тоа е неговата брзина, борбеност и квалитетни партии во дресот на Вулверхемптон.

Благодарение на тоа неговото име веќе со поврзува со поголеми екипи, но повеќе за тоа дефинитивно ќе се знае по крјаот на кампањата во летниот преоден рок кога сите карти ќе бидат на маса. Во меѓувреме поранешниот талент на Барселона се отвори за своето детство и со какви предизвици се соочувал како дете на емигрант иако тој е роден во Каталонија.

-Многупати бев во искушение да и се приклучам на некоја банда. Јас, мојот брат, мојот доминикански пријател, сите. Во тоа време, да сте дел од банда значеше дека сте популарен. Но, имавме различен менталитет, сакавме да бидеме фудбалери, а не дел од некоја банда – и не сакавме да се тепаме. Гледавме тепачки скоро секој ден. Јас учествував во тепачки. Во училиштето во кое бев имаше банди. Тие постојано се тепаа. Завршија одлична работа во Хоспиталитет и сега се е смирено, -истакна Траоре кој откри дека во тој дел каде што живееле имало супер играчи, но истите одлучиле да одат по друг пат.

-Имаше многу. Играв со и против нив, тие беа неверојатни. Ама тие престанаа за да продаваат дрога, да им се приклучат на банди или поради врски. Бандите контролираа различни области. Во зависност од тоа каде одите, тие би ве прашале: Во која банда си? Каде живееш? Зошто си тука? Ако не ве познаваа или немаа проблем со вас, можеше да стане проблем. Па така некои луѓе се налутија и се приклучија на банди, тоа многу се случуваше. Затоа е комплицирано и треба да знаете што сакате, да останете фокусирани на тоа. Од каде и да доаѓате, дури и да е тешка населба, секогаш има добри луѓе кои знаат што сакаат да прават, -рече Адама во интервјуто за „Спорт“.

Facebook Коментари