Поврзете се со нас

Германија

Трансферот се уште не е комплетиран, но замената за Санчо почна да тренира за Борусија! (Видео)

Објавено

на

Борусија Дортмунд не планираше да оди против волјата на фудбалерот и му ги отвори вратите за трансфер на Џејдон Санчо, па откако англискиот репрезентативец беше претставен во Манчестер Јунајтед, „милионерите“ денеска со големо задоволство потврдија дека веќе ја имаат договорено неговата замена.

Станува збор за суперталентираниот холандски фудбалер Донјел Мален, крилото кое воодушеви со настапите за ПСВ, но и за холандската фудбалска репрезентација. Јавноста во Холандија направи притисок врз селекторот Франк Де Бур во обидот Мален да добие првотимски статус, а неговата умешност и брзина дојдоа до израз и на мечот против Македонија.

Дваесет и двегодишниот Мален во новата сезона ќе го гледаме во Борусија, клуб кој реши третина од парите кои ги доби од Санчо да ги инвестира во неговата достојна замена.

Борусија заработи 85 милиони евра од трансферот на Санчо, додека Борусија и ПСВ се уште преговараат и се верува дека операцијата ќе биде заокружена до сума приближна на 30 милиони евра.

Во официјалното соопштение кое го испрати денеска, Борусија извести дека Мален добил дозвола од ПСВ да тренира со првиот тим на „милионерите“, по што дополнително ќе бидат објавени деталите од трансферот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни