Поврзете се со нас

Англија

Трансферот се поблиску: Манчестер Јунајтед со нова, подобрена понуда за Санчо

Објавено

на

Угледниот англиски медиум „Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед испратил, нова подобрена понуда за услугите на Џејдон Санчо.

Според медиумот, Манчестер Јунајтед испратил понуда од 75 милиони фунти со потврда дека голем дел од нив ќе бидат платени веднаш, а во понудата биле вклучени и дополнителни бонуси.

Првичната понуда која ја испратиле „ѓаволите“ била во висина од 67милиони фунти плус осум милиони во бонуси, но таа била одбиена од страна на Борусија Дортмунд. Германскиот тим за да го пушти Санчо бара 80 милиони фунти, па јасно е дека двата клуба се многу блиску до договор за конечен трансфер на играчот.

Инаку, англискиот репрезентативец пред околу една недела ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед и се согласил да се пресели на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни