Поврзете се со нас

Италија

Трансферот се поблиску, Фабијан Руиз си заминува од Наполи

Објавено

на

Еден од најдобрите играчи на Наполи, Фабијан Руиз ќе си замине од клубот во овој преоден рок.

Шпанскиот интернационалец кариерата ќе ја продолжи во тимот на ПСЖ кој веќе извесен период притиска за негов ангажман.

Фабрицио Романо пишува дека Фабијан Руиз им потврдил на члениците на ПСЖ дека ќе го прифати петогдишниот договор кој тие му го понудиле.

Тоа значи дека личните услови на играчот се веќе договорени и сега ПСЖ треба да се договори со Наполи за висината на трансфер оесштетувањето.

Наполи од друга страна го посакува и Кејлор Навас, но се верува дека преговорите за трансферот на голманот ќе бидат засебни и Навас нема да биде вклучен во договорот за Фабијан Руиз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни