Трансферот на релација Торино- Манчестер пред реализација, спортскиот директор на Јуве пристигна во Лондон на финални преговори

paratici

Како што пренесуваат одредени италијански медиуми, трансферот на десниот бек на Јувентус, Жоао Кансело од Јувентус во Манчестер Сити е пред реализација.

„Тутомеркато“ пишува дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи отпатувал во Лондон каде ќе се сретне со првите лица на Манчестер Сити со кои ќе ги договара финалните детали околу договорот.

Сити ќе треба да плати сума од околу 50 милиони евра за да го обезбеди потписот на португалскиот десен бек за кого има обезбедено и договор во времетраење од пет години.

Инаку, Кансело доколку пристигне на „Итихад“ ќе ја дели минутажата со Кајл Вокер кој неодамна го продолжи договорот со шампионот на Англија.

Facebook Коментари