Поврзете се со нас

Италија

Трансфер желбата на Сити и Милан потпиша нов договор со Торино

Објавено

на

foto:x.com/TorinoFC_1906

Манчестер Сити и Милан беа дел од клубовите кои го посакуваат, меркаа италијанскиот репрезентативец Самуеле Ричи, но тој денеска се обврза на нов договор со актуелниот клуб Торино.

Играчот за врска прифати да остане во таборот на „биковите“ и според најновиот потпис треба да остане во оваа средина најмалку до 30 јуни 2028 година.

Со овој потег Торино си обезбеди далеку подобра позиција и во иднина сигурно ќе може да заработи поголема сума на пари за 23-годишниот играч за врска.

Ричи е дете на Емполи, за сегашниот тим настапува од 2022 година, додека пак во тековнава сезона на 20 натпревари има учинок од 1 гол и 1 асистенција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни