Поврзете се со нас

Шпанија

Трансфер желбата на Барселона: Не жалам за тоа што го кажав…

Објавено

на

foto:twitter.com/GironaFC

Џирона е најпријатното изненадување во шпанскиот фудбал во оваа сезона, тим кој со своите квалитетни и офанзицни изданија го привлече вниманието на јавноста, партии поради кои многу играчи станаа интересни за другите клубови и останува да се види колку од нив ќе останат во сегашната средина по крајот на натпреварувачката 2023/2024.

Еден од фудбалерите кој се истакна е Алеиш Гарсија, 26-годишниот шпански интернационалец од средината на теренот. Тој е интересен за Барселона, тим за кој Гарсија навива и за кого призна дека сонува да игра во месец декември, изјава која не помина баш најдобро кај неговиот тим и менаџерот Мичел Санчез, односно за тоа доби критики.

Меѓутоа Гарсија не жали за тоа, поточно смета дека проблем бил само тајмингот.

-Не жалам што го кажав тоа, но жалам за тајмингот и манирите. На крајот, јас сум во Жирона и воодушевен сум. Посакувам оваа сезона никогаш да не заврши, -истакна Алеиш кој во кариерата има настапувано за Вилјареал, Манчестер Сити, но има и епизоди во Белгија и Романија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни