Поврзете се со нас

Англија

„Трансфер-мозокот“ на Арсенал се збогуваше од „топчиите“

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Англиските медиуми вчера ексклузивно пренесоа дека Еду донел конечна одлука да го напушти Арсенал во воведните неколку месеци од новата сезона, со што става крај на својата петгодишна етапа во клубот како директор, најпрво како технички, а последно како спортски.

Бразилецот беше одговорен за најголемите трансфери кои ги направи Арсенал во последните неколку години, но трансфер-гуруто на „топчиите“ сега реши да се повлече од одговорната позиција и да се збогува со досегашните соработници, се со цел да остане слободен во преговорите кои ги води со групацијата на Евангелос Маринакис.

Еду ќе добие одговорна функција во водењето на Нотингем Форест, Олимпијакос и Рио Аве, па тоа е главната причина за неговото заминување од клубот чии бои ги бранеше и како играч.

– Ова беше неверојатно тешка одлука за донесување. Арсенал ми овозможи да соработувам со толку неверојатни луѓе и ми овозможи да бидам дел од неверојатната историја на клубот. Ова беше убаво патување и им се заблагодарувам на Стан, Џош, Тим и Херис за поддршката која ја добив.

– Уживав да работам со толку многу колеги, а особено со Микел Артета кој ми стана пријател. Сега е време за други предизвици во животот, а Арсенал останува засекогаш во моето срце. На клубот и навивачите им посакувам само најдобри нешта, – изјави Еду.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни