Трансфер лудило: Напаѓачот на Вилјареал стана најскап Африканец во историјата на фудбалот!

bakambu-kaa

Трансфер лудилото веќе не е никаква новост и реалноста ни укажува на тоа дека само од година во година ќе бидат рушени сите рекорди и дека постојано ќе се поставуваат нови стандарди во фудбалот, а сето тоа е збогатено и со нереалните цифри кои доста често пристигнуваат од Азија, односно од клубовите кои се натпреваруваат во кинеската Суперлига.

Иако со новото правило во Кина според кое клубовите имаат дополнителен данок кон Федерацјата малце се стиши ситуација и се сопреа нестварните понуди, не се чекаше многу долго за да пристигне првиот позвучен трансфер, а истиот го изрежира Бејинг Гуан кој во своите редови го носи напаѓачот на Вилјареал, Седрик Бакамбу.

Напаѓачот од Конго веќе се збогуваше со своите соиграчи во Вилјареал потенцирајќи дека ова е понуда која не се пропушта, а за што станува збор ни откри „Лекип“ кој во својата вест соопшти дека Бакамбу ќе заработува по 300 илјади евра неделно за својот престој во Кина.

Од овој сензационален трансфер, Вилјареал ќе заработи 40 милиони евра, но поради тоа што Бејинг Гуан мора да исплати уште 36 милиони евра до Федерацијата поради таксата која е воведена во Кина, Бакамбу се претвори во најскап Африканец во историјата на фудбалот, оставајќи го зад себе Мохамед Салах кој изминатово лето го чинеше Ливерпул 45 милиони евра.

Facebook Коментари