Поврзете се со нас

Франција

Трансфер кражба: Новиот „мозок“ на ПСЖ го остава Милан без очекуваното засилување

Објавено

на

ПСЖ доста пливаше во мирни води по крајот на натпреварувачката сезона во која остана без шанса да се бори за трофејот во Лигата на шампионите, но по назначувањето на новиот човек одговорен за спортскиот проект, почнаа на големо да се влечат потези во Париз.

Искусниот Луис Кампос веќе го договори Витиња како прво летно засилување за актуелниот француски првак, но новиот спортски директор на „светците“ ќе го фрустрираа и Милан.

Како што јавуваат угледните медиуми од Франција предводени од „Лекип“, Кампос успеал директно да исконтактира со претставниците на големата трансфер мета на Милан, која на крајот по се изгледа ќе заврши на „Паркот на принцовите“.

Ренато Санчес самиот најави дека е подготвен за нов чекор откако ја врати кариерата во вистински колосек во Лил, но наместо во Милан, ќе остане во Франција и ќе потпише договор со ПСЖ.

По веста на „Лекип“, „Радио Монте Карло“ известува дека ПСЖ сега е чекор напред пред Милан за комплетирање на трансферот, бидејќи без размислување прифатил да ја исплати првичната сума која ја побарал Лил, а тоа се 30 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни