Поврзете се со нас

Германија

Трансфер „бомба“ од Германија: Баерн активираше клаузула вредна 65 милиони евра за играчот кој блесна во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:x.com/CPFC

Баерн Минхен долго го бираше наследникот на Томас Тухел и на крајот го договори Венсан Компани, но ако тренерската одлука се претвори во вистинска голгота, баварците се решени да немаат такви заплети на трансфер пазарот.

Германскиот великан планира да ги донесе сите планирани засилувања за Компани до самиот старт на подготовките за новата сезона, а во оваа прва фаза од преодниот рок главна ѕвезда која ќе пристигне на „Алијанц арена“ ќе биде Михаел Олис.

Баерн веќе го потврди Хироки Ито како прво летно засилување во ерата на Компани, но по дефанзивецот, на клубот од Минхен ќе му се приклучи и играчот кој блесна во завршната фаза од Премиер лигата.

Олис воодушеви со своите дриблерски вештини и со експлозивната брзина како главна ѕвезда на Кристал Палас, а тоа експресно му донесе неколку интересни понуди на маса, од кои сепак ја избрал онаа од Баерн.

Челси, Њукасл и Манчестер Јунајтед го посакуваа Олис во своите редови, но Баерн е оној кој покажал најголем интерес, но и одлучност кога е во прашање исплаќање на целиот пакет.

Баерн се согласил да ја активира откупната клаузула вредна 65 милиони евра, па како што тврдат сите угледните медиуми од Германија и Англија, само прашање на време е кога Олис ќе позира со црвениот дрес на баварците.

Олис има 22 години и важи за едно од најпродорните крила во Европа, а Баерн секако е клуб кој ќе му овозможи дополнително да напредува и да ја надоградува својата игра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни