Македонија
Трансфер „бомба“: Манасков потпиша за Вардар, првата порака ја испрати до навивачите

Најдобриот македонски ракометен состав Вардар 1961 го претстави најновото засилување кое е најзвучно во овој преоден рок затоа што се работи за македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.
Манасков по шест години се враќа дома и тоа во клубот за кој последен настапуваше во татковината пред да заигра во Рајн Некар Левен и Веспрем каде ги мина изминативе пет сезони.
-Здраво драги навивачи на Вардар. Драго ми е што повторно се враќам во овој клуб по неколку години и се надевам дека сите заедно ќе ги оствариме целите на клубот, ќе го вратиме клубот таму каде што припаѓа. Сите заедно да се радуваме во новата сезона на нови успеси, -порача 29-годишниот Деки во својата прва порака која беше наменета за поддржувачите на најтрофејниот македонски ракометен клуб.
Левото крило ќе им се приклучи на соиграчите кои тренираат во Скопје, а своето деби во новата средина треба да го има на турнирот во Струга кој е на програмата од 16 до 20 август.
Дејан во досегашната кариера има настпувано уште за Металург и Вецлар. Тој е трето ново име во редовите на скопскиот прволигаш, претходно пристигнаа Милан Лазаревски и Андреј Добрковиќ.
-
Англијапред 21 час
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Англијапред 23 часа
Челси договори засилување од редовите на Интер
-
Италијапред 24 часа
Спалети со „отровна стрела“ за ѕвездата на Наполи: Тимот ќе опстои и без тие што не сакаат да бидат со нас
-
Италијапред 24 часа
Јувентус ја потврди повредата на Ди Марија и ги разочара фановите
-
Англијапред 5 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Шпанијапред 6 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Формула 1пред 5 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Англијапред 8 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед