Поврзете се со нас

НБА

Трамп ги нападна НБА играчите кои клекнуваат при интонирањето на химната

Објавено

на

blank

Американската химна се интонира пред секој натпревар од НБА лигата, а во периодот по рестартот на сезоната, најголем дел од кошаркарите клекнуваат за време на нејзиното интонирање.

На тој начин НБА ѕвездите се обидуваат да испратат порака за еднаквост, солидарност и искоренување на расизмот, што е само дел од нивната улога во моќната кампања која започна пред неколку месеци и убиството на Џорџ Флојд.

Сепак, клекнувањето воопшто не му се допаѓа на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вели дека тој потег значи непочитување на химната и знамето.

– Мислам дека таквото однесување е срамно.

– Толку напорно работевме со НБА за да овозможиме да се вратат на теренот, јас лично инсистирав на тоа, за сега да гледам како играчите клекнуваат на едно колено за време на химната.

– За мене тоа е неприфатливо, секогаш кога ќе видам таков потег, за мене значи непочитување на сопствената химна и национално знаме. Кога ќе видам такво нешто, веднаш го гасам телевизорот, а верувајте тоа го прават и други, па затоа и тв рејтинзите на лигата се послаби, – истакнал Трамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни