Поврзете се со нас

Лига на нации

Трајковски знае што значат натпреварите во Лигата на нациите: Ни се дава нова прилика

Објавено

на

Еден од најискусните фудбалери во националниот тим, Александар Трајковски ќе биде предводник на офанзивата на Македонија на следните натпревари од Лигата на нациите.

Во недостиг на дел од стандардните офанзивци, се очекува Трајковски да игра значајна улога на натпреварите од новата сезона во Лигата на нациите која за нас почнува на 2 јуни со натпреварот против Бугарија во Разград.

Трајковски смета дека мора да се искористи и оваа шанса, па Македонија повторно да се пласира на едно големо натпреварување како што тоа го направи пред речиси две години кога токму преку Лигата на нациите обезбедивме пласман на Континенталниот собир.

– Сите мора максимално да бидат фокусирани и да го дадат својот максимум затоа што знаеме како се пласиравме на Европското првенство. Сега ни се дава нова прилика да го повториме тоа и да заминеме на едно големо натпреварување.

– Знаеме дека ќе биде напорно и сепак мора да го испочитуваме овој распоред, ние сме фудбалери и ќе се обидеме да одиграме на најдобар можен начин. Имаме доста играчи, се игра на секои три дена и мислам дека се ќе биде во најдобар ред.

– Сметам дека тие нас не сметаат за фаворити поради тоа што го направивме, па и ние се ставаме во фаворитска улога затоа што со резултатите покажавме дека сме фаврити.

– Секогаш е убаво да дојдат нови и млади играчи, се надевам ќе го дадат максимумот за оваа репрезентација и се ќе заврши како што треба, -потенцираше Александар Трајковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни