Европски првенства
Трајковски: Жал ми е што овие млади момци нема да играат на ЕП, ќе им помагам додека ме држат нозете
Нашата кошаркарска репрезентација се избори за победа на денешната пресметка против Естонија, но истата не беше доволно за да обезбедиме пласман на Европското првенство во 2020 година.
Ние остваривме триумф од 86-84, а ни беше потребно славје со двоцифрена разлика за место на Евробаскетот. Секако во македонската репрезентација се разочарани поради ваквиот исход, меѓутоа постои оптимизам дека во следните квалификации ќе успееме да дојдеме до посакуваната цел.
Еден од најискусните во селекцијата е Бојан Трајковски кој најави дека има намера да им помага на колегите додека го држат нозете се со цел да се дојде во настап на големата сцена во наредните години.
–Жал ми е, и разочаран сум од тоа, пред сè најмногу што овие млади момци во нашиот тим нема да играат на Европското првенство догодина. И на претходните дуели покажавме дека можеме да играме со големите репрезентации,. Но тоа не беше доволно за да се пласираме на Евробаскетот.
–Се надевам, и убеден сум дека во некои наредни квалификации ќе стигнеме до она што не успеавме да го реализираме овде. А јас ќе бидам со нациналниот тим се додека ме држат нозете, односно додека играм кошарка. Се со една цел, да им бидам од помош на овие момци кои се тука со нас, и на кои е иднината на нашата кошарка. Секогаш ќе му бидам на располагањње на напито анцинален тим, се додека играм кошарка, -порача членот на Пелистер кој денеска беше втор стрелец со 21 постигнат кош.
-
НБАпред 17 часа
Дончиќ за чудесниот кош на Ирвинг против Денвер: Не сум сигурен дека луѓето…(ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Чави за ѕвездата на Атлетико: Копиле…(ВИДЕО)
-
Англијапред 19 часа
Клоп бесен по драматичниот поразот на „Олд Трафорд“: Немам нерви за тебе (Видео)
-
АТПпред 19 часа
Алкарас и Медведев доставија кандидатура за поен на годината, Шпанецот е крал во пустината! (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг: Ова беше најдобриот Јунајтед во оваа сезона
-
Шпанијапред 15 часа
Жоао Феликс: Навивачите на Атлетико не знаат што се случи…
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола: Тоа е финале за нас
-
Англијапред 18 часа
Херојот на Јунајтед за потегот кој му донесе црвен картон: Заборавив…(ВИДЕО)