Поврзете се со нас

Репрезентација

Трајковски: За нас не постои пријателски меч, очекуваме добар резултат против Хрватска

Објавено

на

Александар Трајковски ја заврши сезоната во Хрватска на најдобар можен начин со постигнат хет-трик, но и во завидна голгетерска форма откако претходно неправедно беше изоставен од тренерот на Хајдук.

Македонскиот напаѓач со голема самодоверба и се приклучи на репрезентацијата и со мало задоцнување ги започна тренинзите, а како еден од најсискусните во тимот има големи очекувања од пријателската која ќе ја одиграме против „коцкестите“.

– Хрватска е навистина голема репрерзентација и одличен тест за нас во овој перриод. Во минатото покажавме дека знаеме како да се носиме со вакви силни репрезентации и се надевам дека повторно ќе биде така.

– Ова ќе биде добар тест за нас, но добра контролка и за нив пред Европското првенство на кое ќе играат. Ние веруваме во добар резултат, за нас не постои пријателски меч, секогаш влегуваме максимално на секој натпревар.

– Тие сигурно ќе играат со играчи кои треба да бидат носители на Европското првенство, а за нас ова е добра шанса да покажеме какви се нашите идеи за натпреварите кои ќе ни следат во септември во Лигата на нации, – изјави Трајковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни